Почетна » Новости » Истражувања » Неверните жени подобро ја прикриваат изневерата

Неверните жени подобро ја прикриваат изневерата

Мажите веројатно почесто изневеруваат, а кога го прават тоа не се воопшто претпазливи во прикривањето на трагите, па честопати се фаќани на дело од своите партнерки.

Истражувачите откриле дека неверните мажи е двојно поверојатно да бидат откриени дека изневеруваат, отколку неверните жени.

ИзневераМажите кои изневеруваат е двојно поверојатно да бидат откриени отколку жените

Според истражувачите, секој десетти маж којшто изневерува е разоткриен од својата партнерка. Во споредба со мажите, само една на секои 20 неверни жени е откриена дека изневерува.

Жените се многу повешти во прикривањето на своите афери, особено кога станува збор за докази како e-mail, SMS пораки или друга комуникација на социјални мрежи.

Дури половината од неверните мажи биле разоткриени дека имаат друг партнер „благодарение“ на SMS порака, e-mail или телефонски повик, а истото важи само за 21% од жените.

Сара Хартли, претставник на IllicitEncounters.com – сајтот што го извршил истражувањето, изјавила дека мажите почесто се невнимателни и ги оставаат своите мобилни телефони без надзор, давајќи им можност на своите партнерки да ги проверат.

Жените се многу повнимателни во прикривањето на доказите. Така, тие често користат посебни e-mail адреси и SIM картички само за своите љубовници. Исто така, жените почесто им кажуваат за изневерата на своите пријатели и на тој начин создаваат мрежа од луѓе кои ги прикриваат и им помагаат да лажат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.