Почетна » Новости » Истражувања » Најсреќниот момент во седмицата е 19:26ч. во сабота

Најсреќниот момент во седмицата е 19:26ч. во сабота

Во петок луѓето се преморени од напорната работна седмица и тешко можат да се опуштат, но во сабота, исполнети со енергија можат максимално да уживаат во задоволствата што ги нуди животот.

Саботата е најсреќниот ден во седмицата, а врвот на среќата се достигнува во 19:26 часот, вели ново британско истражување.

Среќни луѓеСабота навечер е најсреќниот период од седмицата

Во сабота луѓето се свесни дека имаат уште еден ден за одмор пред почетокот на работната недела, па релаксирано можат да им се посветат на оние работи што ги прават среќни. Без разлика дали се подготвуваат за излегување, гледаат филм или поминуваат повеќе време со семејството, луѓето во сабота навечер се најопуштени и најсреќни.

Околу 70% од трите илјади учесници во истражувањето изјавиле дека правењето на планови за викендот е единственото нешто што им помага да издржат во текот на работната седмица, 60% признале дека живеат само за викендите, а 80% изјавиле дека ги бројат деновите и часовите до започнувањето на викендот.

Најголем дел од учесниците изјавиле дека воопшто не ги сакаат неделите и дека тогаш ги зафаќа лошо расположение затоа што знаат дека настапува работната седмица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.