Почетна » Новости » Истражувања » Научници ги создадоа првите машки контрацептивни пилули

Научници ги создадоа првите машки контрацептивни пилули

Контрацептивните пилули се мошне популарен метод за контрацепција, иако во нашата држава ги користи само многу мал дел од женската популација.

Досега, сите обиди да бидат создадени машки контрацептивни пилули пропаѓале, па затоа научниците беа посветени на создавањето на контрацептивна инјекција што би им била давана на мажите од страна на докторите.

АпчињаНаучници од Израел ја создале првата машка контрацептивна пилула.

Но, научници од Израел направија голем чекор напред во оваа област и конечно создадоа орална пилула за мажи, која што ја „деактивира“ спремата уште пред таа да стигне до матката. Уште подобра вест е тоа што оваа пилула треба да се зема само еднаш на три месеци.

За разлика од контрацептивната инјекција, оваа машка пилула не користи комбинација на хормоните тестостерон и прогестерон за да ја блокира бременоста. Новата пилула отстранува од спермата витален протеин којшто е неопходен за забременување на жената, т.е. спермата стигнува до матката, но не е во можност да ја оплоди јајце-клетката.

Ова е огромен напредок во областа на контрацепцијата. Досега се сметаше дека машката орална контрацепција нема да биде многу популарна, затоа што жените сметаат дека мажите не се доволно одговорни и не можат да им веруваат дека редовно ќе ги пијат контрацептивните пилули. Но, благодарение на израелските научници, сега и тој проблем е решен. Новите пилули можат да се пијат еднаш месечно или еднаш на три месеци.

Научниците веруваат дека револуционерната пилула е 100% ефективна и сметаат дека ќе биде достапна по 3 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.