Почетна » Новости » Истражувања » Нарцизмот е опасен по здравјето на мажите

Нарцизмот е опасен по здравјето на мажите

Сите познаваме барем една личност која мисли дека е подобра од останатите, се заблудува со лажно чувство на супериорност и која слободно може да се постави во категоријата „нарцис“. Освен што нарцизмот делува одбивно за оние кои се во контакт со нарцисот, тoj е штетен и за самиот самобендисан, но само ако тој е маж.

Ново истражување тврди дека мажите нарциси имаат повисоко ниво на кортизол, хормонот на стресот, коешто носи долгорочни последици врз здравјето, како варирање на нивото на шеќер во крвта, срцеви проблеми и зголемување на телесната тежина.

Нарцис

Во рамките на истражувањето објавено во списанието „PLoS One“, истражувачите им дале на 106 доброволци анкета за проценување на нивото на нарцизам. Учесниците требало да избираат помеѓу тврдења како „Лесно ми е да ги манипулирам луѓето“/„Ако владеев со светот, тој ќе беше подобро место за живеење“ или „Помислата да владеам со светот ме преплашува“. Според одговорите, истражувачите успеале да ги рангираат учесниците како личности со здраво ниво на нарцизам (корисен нарцизам кој може да биде искористен за помоќно лидерство, посилен авторитет и самодоверба) и личности со нездраво ниво на нарцизам (нарцизам кој се фокусира на експлоатација). Во истото време на учесниците им бил земен примерок од плунката за им биде определено нивото на кортизол.

Резултатите покажале дека мажите со поголемо ниво на нарцизам имаат и повеќе кортизол. Таквиот тренд не бил забележан кај жените.

Високото ниво на кортизол кај нарцисоидните мажи значи дека тие ги сметаат за закана дури и најобичните задачи како пополнување на прашалник и затоа се постојано на штрек со цел да изгледаат супериорни и да изгледа дека имаат контрола над она што се случува.

Со други зборови, одржувањето на нарцисоидниот карактер е слично како постојано да го одржуваат телото под стрес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.