Почетна » Новости » Истражувања » На секоја жена ѝ се потребни 4 вистински пријателки

На секоја жена ѝ се потребни 4 вистински пријателки

Пријателството е важен дел од животот. Некои луѓе не можат да си го замислат секојдневието без пријателите, особено без оние на кои што можат да им се доверат.

Ново истражување покажало дека кога станува збор за пријателите, жените знаат дека квалитетот е поважен отколку квантитетот. Тие сакаат да го поминуваат своето слободно време со оние пријатели кои ги прават да се чувствуваат добро и кои успеваат да ја одржат насмевката на нивните лица.

Петте пријателки од „Очајни домакинки“Жените преферираат да имаат 4 вистински пријателки.

Само 25% од илјада учеснички во истражувањето изјавиле дека претпочитаат да имаат повеќе од 50 блиски пријателства. Половина од жените изјавиле дека во идеален случај најдобро е да се има 4 пријателки, за никоја да не се чувствува изоставена.

Истражувањето финансирано од брендот за вино Silver Bay Point покажало дека жените формираат вистинско пријателство само со оние на кои им веруваат и со кои споделуваат различни искуства.

Друго истражување пак покажа дека повеќето луѓе ги запознаваат своите пријатели на училиште, а не на работа или на факултет. 90% од учесниците потврдиле дека вистинските пријатели биле дел од оформувањето на нивната личност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.