Почетна » Новости » Истражувања » На жените најмногу им опаѓа косата во есен

На жените најмногу им опаѓа косата во есен

Есенското паѓање на лисјата може да се поврзе со опаѓањето на косата кај жените. Научниците велат да не се загрижувате ако забележите дека во текот на есенските денови косата ви опаѓа малку повеќе од вообичаено, затоа што жените најмногу губат коса токму во овој период од годината.

Жена со убава косаВо есенскиот период жените губат најмногу коса

Шведски научници во текот на шест години набљудувале 800 жени и заклучиле дека тие губат најмногу коса во текот на есенските месеци.

Во секој момент, 90% од косата расте, а 10% е во фаза на мирување. Фазата на мирување трае од 2 до 6 месеци, а по нејзиното завршување влакното паѓа. Научниците откриле дека во текот на јули жените имаат најмногу коса којашто е во состојба на мирување, што би рекло дека таа коса ќе опадне во периодот по октомври.

Се верува дека ова се случува затоа што во текот на јули потребна е најмногу коса за да го заштити скалпот од силното сонце.

Освен есента, постојат многу други причини кои водат до опаѓање на косата, како лекови, недостиг на железо, престроги диети, синдром на полицистични јајници и стрес.

Кај повеќето луѓе секојдневно паѓаат од 50 до 100 влакна од косата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.