Почетна » Новости » Истражувања » Мрсната храна создава зависност како хероинот

Мрсната храна создава зависност како хероинот

Најголем дел од луѓето постојано водат борба со брзата мрсна храна и посакуваат да ја исфрлат од своето секојдневие. Но, секој кој пробал знае дека тоа воопшто не е лесно. Сега научниците докажаа дека една од причините за таквата голема желба за брза мрсна храна е тоа што таа создава зависност.

Ново американско истражување покажа дека висококалоричната и мрсна храна влијае на мозокот скоро на ист начин како и кокаинот и хероинот, а тоа води до зголемена консумација на таква храна и дебелеење.

Жена што јаде пицаМрсната храна создава зависност исто како хероинот и кокаинот.

За време на истражувањето биле набљудувани 40 стаорци поделени во три групи. Првата група била редовно хранета со храна за стаорци. Втората со сланина, колбаси, чиз кејк и друга калорична мрсна храна, но само еден час дневно. На третата група ѝ било дозволено да се храни постојано со нездрава храна, околу 23 часа дневно.

Воопшто не било изненадување тоа што стаорците кои се хранеле со храна за луѓе брзо станале дебели. Во истото време била забележана промена и кај нивните мозоци. Научниците забележале дека кај третата група се развила толерантност кон задоволството од храната и стаорците морале да јадат што повеќе за да се почувствуваат подобро.

Но, зачудувачки бил заклучокот што тие започнале дури и да трпат повеќе болка само за да можат да се хранат со мрсна храна. Кога им биле давани мали електрични шокови, стаорците од првите две групи се плашеле и се тргале од јадењето. Но, стаорците од третата група се фокусирале само врз храната и не обрнувале внимание на шоковите.

Сепак, истражувачите додаваат дека треба да се внимава кога резултатите од истражувања со животни се земаат за точни и кај луѓето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.