Почетна » Новости » Истражувања » Моќните жени изневеруваат исто колку и моќните мажи

Моќните жени изневеруваат исто колку и моќните мажи

Моќта им дава на луѓето самодоверба и ги прави посклони да изневерат, вели ново истражување. А тоа важи подеднакво и за мажите и за жените.

Истражување на холандски научници покажало дека моќните жени изневеруваат исто колку и моќните мажи затоа што самодовербата е поголем фактор за неверство отколку што е полот.

Маж и женаМоќта и самодовербата се поголеми фактори за неверство отколку полот

Психологот Хорис Ламерс тврди дека жените кои имаат добри работни места се склони кон сексуално неверство колку и мажите. Заедно со неговите колеги, тој спровел онлајн истражување со учество на 1561 мажи и жени од кои 58% немале менаџерска функција, 22% биле надзорници, 14% биле менаџери на средно ниво, а 6% биле дел од врвен менаџмент. Сите тие биле испрашувани за минати афери и за нивната желба да изневеруваат, а исто така било мерено и нивото на нивната самодоверба.

Истражувачите откриле дека најголеми фактори кои влијаеле на склоноста на учесниците да изневерат биле самодовербата и моќта.

„Луѓето претпоставуваат дека моќните мажи се посклони да изневерат. Ние откривме дека меѓу моќните луѓе, полот не игра никаква улога во неверствата од минатото и желбата за изневера“ – изјавил Ламерс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.