Почетна » Новости » Истражувања » Мобилните телефони погнасни од рачките на WC казанчињата

Мобилните телефони погнасни од рачките на WC казанчињата

Денес скоро секој поседува барем еден мобилен телефон. Повеќето од нас ги користат постојано, но малкумина се грижат за хигиената на овој толку популарен апарат.

Истражување на потрошувачката група Which?, која се грижи потрошувачите да дознаат колку што може повеќе информации за да го направат најдобриот избор при купувањето, покажа дека мобилните телефони се погнасни дури и од рачките на WC казанчињата.

Мобилни телефониМобилните телефони се погнасни од рачките на WC казанчињата

Испитувањата покажале дека мобилните телефони се прекриени со 18 пати повеќе живи бактерии отколку рачките на казанчиња во машко WC.

Експертите предупредуваат дека бактериите од површината на телефоните лесно се пренесуваат врз секој којшто ќе го допре телефонот за да разгледа некои апликации или фотографии. Иако бактериите на почетокот не се опасни, тие се знак на лоша хигиена и се плодна почва за развивање на поопасни бактерии.

Од компанијата Which? советуваат мобилните телефони да се чистат со марамчиња натопени со алкохол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.