Почетна » Новости » Истражувања » Местото на жената – дома или в канцеларија?

Местото на жената – дома или в канцеларија?

Улогата на жената со текот на годините се менува. Во минатото, жените основно биле домаќинки и послушно останувале дома додека нивните мажи ја носеле целата заработка. Но, денес постојат илјадници семејства кои се финансиски издржувани од понежниот пол.

Иако жените денес можат да се наредат рамо до рамо со мажите, кај некои луѓе сè уште постои мислење дека жената треба да седи дома, а не зад работното биро. Всушност, секој четврти човек во светот смета дека вистинското место на жената е со нејзиното семејство во домот.

Во рамките на истражување спроведено од Ројтерс и институтот Ипсос, токму пред 8-ми март, меѓународниот ден на жената, биле анкетирани 24 000 души од 23 различни држави во светот. Кај 74% од учесниците преовладува мислењето дека жената треба да гради своја кариера, а не да биде само домаќинка. Најголема поддршка на идејата за бизнис жена има во државите Франција, Аргентина и Мексико (91%).

Единствено во Турција и Индија преовладува мислењето дека жените треба да седат дома и да бидат само домаќинки.

Треба ли жената да седи дома? Да Не
Индија 54% 46%
Турција 52% 48%
Јапонија 48% 52%
Кина 34% 66%
Русија 34% 66%
Унгарија 34% 66%
Јужна Кореја 33% 67%
Чешка 28% 72%
Австралија 25% 75%
САД 25% 75%
Англија 22% 78%
Холандија 20% 80%
Канада 20% 80%
Италија 19% 81%
Полска 18% 82%
Белгија 16% 84%
Германија 14% 86%
Шпанија 12% 88%
Бразил 10% 90%
Шведска 10% 90%
Мексико 9% 91%
Франција 9% 91%
Аргентина 9% 91%

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.