Почетна » Новости » Истражувања » Мажите чувствуваат помалку вина од жените

Мажите чувствуваат помалку вина од жените

Дали некогаш ви се случило да не можете да заспиете поради грижа дека сте започнале расправија без некоја голема причина или сте го заборавиле роденденот на вашата пријателка? Вие најверојатно ќе одговорите да, но бидете сигурни дека ако бевте маж што би се рекло „окото немаше да ви трепне“.

Жена што чувствува винаЖените се чувствуваат повиновни и имаат повеќе гнев и лутина кон самите себе доколку утврдат дека со своите постапки повредиле некого.

Ново истражување докажа дека мажите чувствуваат значително помалку вина од жените. Без разлика дали тоа е обично заборавање да честитаат роденден или изневерување, мажите чувствуваат помалку покајување, тага или лутина.

Ова истражување во кое што учествувале 300 мажи и жени на возраст од 15 до 50 години, може да ни даде објаснување зошто сопрузите и момчињата често одбиваат да признаат дека изневериле и покрај постоењето на докази за нивното неверство.

Во главно, резултатите покажале дека жените се чувствуваат повиновни и имаат повеќе гнев и лутина кон самите себе доколку утврдат дека повредиле некого. Од друга страна, мажите се поегоцентрични и најмногу вина чувствуваат кога јадат или пијат премногу, а не кога со своите постапки засегаат некој друг.

Истражувачите потврдуваат дека проблемот не е во тоа што жените чувствуваат преголема вина, туку во тоа што мажите чувствуваат премала.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.