Почетна » Новости » Истражувања » Мажите се најсекси во своите 40-ти години, жените во своите 30-ти

Мажите се најсекси во своите 40-ти години, жените во своите 30-ти

Мажите се најсекси за понежниот пол кога се во своите 40-ти години од животот. Ново истражување на Дебенхамс вели дека иако мажите сметаат дека нивната привлечна моќ е најсилна кога се на возраст од 20 до 29 години, жените ги сметаат за најпривлечни дури откако ќе созреат и ќе го поминат 40-тиот роденден.

Привлечен маж„Мажите се како виното“

„Мажите се како виното. Со годините тие созреваат во некој со кого сакаме да сме во врска и со кого сакаме да вечераме“ – изјавила Вики Хјуит од компанијата Дебенхамс којашто го организирала истражувањето.

Од друга страна, жените се чувствуваат најсекси во своите 30-ти години, а тоа е и возраста кога им се и најпривлечни на претставниците на посилниот пол. Многумина тврдат жените се најубави во раните 30-ти години. Едно поконкретно истражување откри дека жените го достигнуваат врвот на својата убавина на 31 година.

Истражувањето на Дебенхамс покажало уште и дека мажите и жените трошат најмногу на себе кога се во привлечните години. Жените во таа возраст најмногу трошат за долна облека и парфеми, а мажите за нега и шик костуми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.