Почетна » Новости » Истражувања » Мажите први велат „Те сакам“ трипати почесто од жените

Мажите први велат „Те сакам“ трипати почесто од жените

Заборавете на стереотипите дека мажите се поладни кога станува збор за љубовта. Ново истражување потврди дека мажите побрзо се заљубуваат од жените и први велат „Те сакам“ трипати почесто од претставничките на понежниот пол.

Психологот Мариса Харисон од Универзитетот Пен Стејт тврди дека жените се повнимателни кога се работи за романсата. Нејзиното истражување покажало дека мажите се посклони да се заљубат во периодот од неколку недели по почетокот на врската, а на жените најчесто им се потребни неколку месеци пред да почувствуваат дека се заљубени.

Маж кој вели „Те сакам“Мажите се заљубуваат побрзо од жените

За да дојде до тие заклучоци, Харисон интервјуирала студенти за нивните досегашни љубовни искуства. Во нејзиниот извештај се вели: „Мажите изјавиле дека се заљубуваат порано, а трипати повеќе мажи од жени први им рекле „Те сакам“ на своите партнерки“.

Очекувано, истражувањето покажало дека мажите сакаат секс многу порано од жените. Мажите посакувале секс само неколку недели по почетокот на врската, а жените преферирале да почекаат неколку месеци пред да започнат сексуални односи.

Според Харисон, иако би можело да се тврди дека заљубувањето на мажите и нивното брзо изјавување на љубов може да е последица на тоа што тие ја поистоветуваат љубовта со желбата за секс, сепак истражувањата покажале дека страсната љубов и желбата за секс се сосема различни механизми.

Резултатите од неодамнешно истражување на психологот Џош Акермен се совпаѓаат со констатациите од новото истражување. Во април оваа година Акерман исто така објави дека мажите почесто први изговараат „Те сакам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.