Почетна » Новости » Истражувања » Мажите повеќе зборуваат за фудбал отколку за жени

Мажите повеќе зборуваат за фудбал отколку за жени

Денес е финалето на Лигата на шампионите, а преку летото нè очекува Светското првенство во фудбал. Токму овие големи настани во светот на спортот им даваат повод на мажите да зборуваат што повеќе на нивната омилена тема – фудбалот.

А знаевте ли дека мажите сакаат да зборуваат за фудбал многу повеќе отколку за жени, т.е. дека тоа им е најомилената тема на разговор?

Фудбалска топка

Познатиот бренд за пиво Heineken спроведе меѓународно истражување за машките навики поврзани со фудбалот. Учествувале 5 300 мажи на возраст од 25 до 40 години.

Според анкетата, фудбал најмногу гледаат Англичаните. Просечниот Англичанец гледа фудбал 2 часа и 22 минути неделно, а дискутира за резултатите дополнителни 3 часа и 21 минута.

Дури 88% од учесниците изјавиле дека фудбалот им е омилена тема на разговор кога се излезени со пријателите на пиво. Така, разговорите за жените започнуваат дури откако ќе се исцрпат разговорите за фудбалот, затоа што тоа им е втора омилена тема.

Кинезите му придаваат уште поголема важност на фудбалот. Цели 94% од Кинезите сметаат дека фудбалот заслужува најголемо внимание. Русите не заостануваат многу зад нив со 93%.

Германците и Французите разговорите за жените ги поставиле на трето место. Тие повеќе би разговарале за работата, отколку за жените.

Топ 10 теми за разговор на мажите

  1. Фудбал 88%
  2. Сопруги и девојки 45%
  3. Работа 34%
  4. Пари 24%
  5. Коли 19%
  6. Излегувања 18%
  7. Семејство 16%
  8. Храна 14%
  9. Празници 12%
  10. Филм 10%

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.