Почетна » Новости » Истражувања » Мажите најмногу сакаат да изневерат со Кети Пери, жените со Рајан Гослинг

Мажите најмногу сакаат да изневерат со Кети Пери, жените со Рајан Гослинг

Ако би ви било дозволено да изневерите со славна личност, која би ја избрале? Ова прашање им било поставено на посетителите на Ashleymadison, најпознатиот сајт за изневерување за луѓе кои се во брак.

Најмногу мажи би сакале да имаат жешка љубовна авантура со Кети Пери. Нејзината пријателка Ријана се најде на второто место на листата составена врз основа на одговорите од 25.000 лица.

Кети ПериКети Пери

На трето место најмногу мажи би сакале да изневерат со Мила Кунис, а четврта на листата се најде Селма Хајек.

Џенифер Анистон го доби петтото место, Скарлет Јохансон шестото, Софија Вергара седмото, а ѕвездата од Gossip Girl, Блејк Лајвли, осмото место.

Ким Кардашијан која минатата година беше на второ место, сега заврши на деветтото место, а Сара Пејлин ја заокружи посакуваната 10-ка.

Што се однесува до жените, нема големо изненадување. Најмногу жени би изневериле со Рајан Гослинг или Џорџ Клуни.

Рајан Гослинг и Џорџ КлуниРајан Гослинг и Џорџ Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.