Почетна » Новости » Истражувања » Мажите најмногу сакаат бринети со сини очи

Мажите најмногу сакаат бринети со сини очи

Се вели дека секој има посебен вкус, но кога зборуваме за мажите генерално, ново истражување вели дека бринетите им се најблиску до срцето.

Истражување на друштвената мрежа Badoo покажало дека скоро 60% од мажите повеќе ги привлекуваат бринети отколку русокоси.

Бринета со сини очиМажите преферираат бринети со сини очи

Од 2000 анкетирани мажи, 33,1% изјавиле дека најмногу сакаат девојки со кафеава коса, а 28,6% признале дека најпривлечни им се девојки со црна коса. Тоа значи дека девојките со темна коса ги освојуваат срцата на вкупно 59,7% од мажите.

Русокосите биле оценети како најатрактивни од 29,5% од мажите, а црвенокосите од само 8,8%.

Истражувањето покажало и дека мажите преферираат сини очи. Повеќе од 40% од мажите ги оцениле сините очи како најпривлечни. Скоро третина признале дека кафеавите очи им се најубави, 17,5% копнеат за зелени очи, а 13,1% најмногу сакаат кафеаво-зелени очи.

Истражувањето било спроведено во Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, САД и Бразил. Во сите тие држави мажите изјавиле дека најмногу сакаат црнокоси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.