Тешко може да им се верува на мажите и жените добро го знаат тоа. Сега вечните женски сомневања се и потврдени – мажите лажат повеќе од жените.
Истражувањето кое ни ги даде потребните докази било спроведено од познатата агенција OnePoll со учество на 3000 мажи и жени.
Мажите лажат повеќе од жените и поретко чувствуваат грижа на совеста.
Резултатите покажале дека просечниот маж кажува 1092 лаги секоја година, т.е. 3 лаги дневно, а просечната жена 728 лаги годишно, т.е. лаже 2 пати дневно.
Жените откако ќе излажат се чувствуваат повиновни и 82% од нив изјавиле дека потоа ги гризе совеста. Од друга страна, 70% од мажите изјавиле дека имаат чувство на вина откако ќе излажат некого.
Мнозинството од учесниците (75%) веруваат дека е во ред да излажеш некого за да не ги повредиш неговите чувства.
Еве кои се најчестите женски и машки лаги:
| Женски | Машки | |
| 1. | Ништо не ми е, добро сум | Не испив толку многу | 
| 2. | Не знам каде е, го немам допрено | Ништо не ми е, добро сум | 
| 3. | Не беше толку скапо | Немав сигнал | 
| 4. | Не испив толку многу | Не беше толку скапо | 
| 5. | Имам главоболка | Веќе тргнав натаму | 
| 6. | Беше на распродажба | Заглавив во сообраќајот | 
| 7. | Веќе тргнав натаму | Не, твојот задник не изгледа голем во таа облека  | 
| 8. | Ох, веќе долго време го имам ова | Извини, го пропуштив твојот повик | 
| 9. | Не, не го фрлив | Ослабев | 
| 10. | Отсекогаш сум го посакувала ова | Отсекогаш сум го посакувал ова | 
		
