Почетна » Новости » Истражувања » Мажи vs. жени – кој е подобар и во што?

Мажи vs. жени – кој е подобар и во што?

Мажи против жени

Постојано се дебатира кој пол е подобар во извршувањето на едноставните задачи и обврски со кои се среќаваме во секојдневието. Истражување на MindLab International, во кое учествувале 1200 мажи и жени, било спроведено токму со таа цел – да се утврди кој може да се справи подобро со едноставни задачи во текот на три минути.

Истражувачите утврдиле дека постои јасна граница меѓу задачите што можат да ги исполнат мажите и жените. Општо земено, овој тест покажал дека жените се подобри во исполнувањето на задачи за кои треба фокусирање на целото внимание, додека мажите се подобри во задачите каде што треба да се направи нешто набрзина и каде што не треба да е 100% точно.

Експертите сметаат дека причината за таквата поделба лежи во натпреварувачкиот дух на мажите. Тие сакаат да ги исполнат задачите колку што е можно побрзо од другите, па лошо им оди со прецизноста. Жените од друга страна, се позагрижени да ги исполнат задачите поправилно.

Жените можат подобро: да убедат сообраќаен полицаец да не им пише казна, да закажат термин на доктор, да испеглаат две кошули/блузи, да го наместат креветот, да протнат конец во игла, да победат во дискусија, да убедат продавач да им даде попуст, да направат листа на потребни намирници, да го облечат детето за на училиште и да го исчистат подот во кујната.

Мажите можат подобро: да сменат гума на автомобил, да се ориентираат според карта или мапа, да ги разберат инструкциите за монтажа на разни предмети, да постават шатор. За големо изненадување, истражувањето покажало дека мажите подобро се снаоѓаат во менувањето на пелени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.