Почетна » Новости » Истражувања » Луѓето имаат двојно повеќе онлајн пријатели отколку реални

Луѓето имаат двојно повеќе онлајн пријатели отколку реални

Луѓето денес се поотворени за дружење онлајн отколку во реалниот живот. Ново истражување покажало дека луѓето во просек имаат двојно повеќе виртуелни пријатели отколку реални.

Истражувањето нарачано од Cystic Fibrosis Trust открило дека типичниот корисник на друштвените мрежи има 121 онлајн пријатели, а само 55 реални пријатели.

Жена и лаптопТипичниот корисник на друштвените мрежи има 121 онлајн пријатели, а само 55 реални

Исто така, податоците покажале дека секој десетти го пронашол својот најдобар пријател онлајн, а исто толку луѓе веруваат дека преку интернетот ќе стекнат вистински пријатели за цел живот.

Истражувачите заклучиле дека луѓето не само што се порасположени за дружење онлајн, туку и се поискрени со своите виртуелни пријатели.

Ви се случило ли кога ќе се запознаете со некого, тој да ви го побара името и презимето за да ве пронајде на Фејсбук, наместо да ви го побара телефонскиот број? Поголем дел од луѓето ќе одговорат потврдно. Во ерата на друштвените мрежи веќе е застарено барањето на телефонскиот број. Така, истражувачите откриле дека само 5% од луѓето би му го побарале телефонскиот број на нов пријател, а 23% би го запрашале за целосното име и презиме за да го пронајдат онлајн.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.