Почетна » Новости » Истражувања » Купувањето чанта им носи на жените најголемо шопинг задоволство

Купувањето чанта им носи на жените најголемо шопинг задоволство

Жените обожаваат да купуваат, особено кога се работи за интересно парче облека или моден додаток по којшто копнееле подолго време. Пронаоѓањето на идеалните фармерки може да стави широка насмевка на женското лице, но истражувачите велат дека жените чувствуваат најголемо задоволство кога ќе си ја купат посакуваната чанта.

Женска чанта и чевлиКупувањето чанта и чевли им носи на жените најголемо шопинг задоволство

Истражување на компанијата SaveMe4Later покажало дека жените повеќе уживаат во купувањето на чанта отколку чевли. Секоја четврта жена признала дека многу повеќе се радува кога ќе „присвои“ убава чанта отколку убави обувки.

За истражувачите ваквите резултати имаат смисла и ги објаснуваат со фактот што чантата е моден додаток кој најчесто се користи. Освен тоа, жените внимаваат чантата да им одговара на повеќе аутфити, па кога ќе пронајдат таква чанта, задоволството е огромно.

Во истражувањето учествувале 2000 жени, а целта била да се открие кој производ им носи на жените најголемо шопинг задоволство. Еве кои се десетте нешта кои ги освоија првите 10 места:

  1. Чанта
  2. Чевли
  3. Летен фустан
  4. Билети за концерт
  5. Фармерки
  6. Накит
  7. Мало црно фустанче
  8. Чоколадо
  9. Долна облека
  10. Козметички производи

Резултатите покажале дека жените денес се повнимателни при трошењето на пари отколку што биле пред пет години и како резултат на тоа задоволството од купувањето е поголемо. Жените најмногу размислуваат кога купуваат зимско палто, а најмалку кога купуваат долна облека.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.