Почетна » Новости » Истражувања » Контрацептивните таблети ве прават попаметни

Контрацептивните таблети ве прават попаметни

Контрацептивните таблети зголемуваат одредени делови од женскиот мозок и ја подобруваат меморијата и социјалните способности, тврдат научниците.

Контрацептивни таблетиКонтрацептивните таблети ја подобруваат меморијата и социјалните способности кај жените

Во рамките на австриско истражување биле набљудувани снимки со висока резолуција на мозоци на 14 мажи и 28 жени. Половината од жените користеле контрацептивни таблети, а другата половина не. Од мозоците на жените кои не користеле контрацепција биле направени неколку снимки во различни периоди од месецот, со цел да се земе во предвид варирањето на хормоните во телото во текот на месечниот циклус.

Резултатите покажале дека неколку области од мозокот биле поголеми кај жените кои примале контрацептивни таблети. Областите од мозокот одговорни за меморија и социјални способности (водење разговори) биле поголеми за 3%.

Резултатите биле исти за сите жени кои земале контрацептивни таблети, т.е. не влијаела марката на таблетите или колку долго биле примани.

Истражувањето покажало дека големината на мозокот како цело не се променила, а сè уште не е јасно дали оние делови на мозокот кои се зголемиле се враќаат во првобитната големина ако жената престане да прима контрацептивни таблети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.