Почетна » Новости » Истражувања » Кафето го намалува ризикот од рак на матка

Кафето го намалува ризикот од рак на матка

Добивме уште една причина да уживаме во кафето. Жените кои имаат навика да пијат неколку чаши кафе дневно во текот на неколку години или децении се изложени на помал ризик од појава на рак на матката, вели истражување на Харвард.

Истражувачи на Универзитетот Харвард анализирале податоци за 67.470 жени на возраст од 34 до 59 години, кои биле набљудувани во текот на 26 години. Анализата покажала дека жените кои пиеле во просек по 4 кафиња дневно или повеќе, имале за 25% помал ризик од појава на ендометријален канцер во споредба со оние кои многу ретко пиеле кафе или воопшто не консумирале кафе. Кај жените кои дневно пиеле по 2-3 кафиња ризикот бил помал со 7%.

КафеКафето го намалува ризикот од рак на ендометриумот

Научниците објаснуваат дека причината за тоа може да е фактот што кафето го намалува инсулинот и естрогенот, а хронично високото ниво на овие два хормона се поврзува со ендометријален канцер.

„Ендометријалниот канцер се поврзува со високите нивоа на естроген и инсулин. Кафето го намалува нивото на естроген и инсулин кај жените. Исто така, тоа е богато со антиоксиданси“ – објаснил д-р Едвард Џованучи.

Истражувачите предупредуваат луѓето да намалат со додавањето на шеќер и млеко во кафето, затоа што сите бенефиции кои кафето ги има врз нивото на инсулин скоро исчезнуваат поради дополнителните калории и мастите.

Резултатите од истражувањето биле објавени во списанието „Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention“. Тие се уште еден од многуте докази кои укажуваат дека кафето може многу повеќе да биде корисно отколку штетно за здравјето, и тоа не само во заштитата од рак.

Во последниве години сè поголем е бројот на истражувања кои укажуваат на здравствените бенефиции од кафето. Се смета дека кафето го намалува ризикот од рак на дојка, рак на простата, базоцелуларниот кожен карцином, дијабетес тип 2 и депресија кај жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.