Почетна » Новости » Истражувања » Калинките ја зачувуваат младоста

Калинките ја зачувуваат младоста

Калинките не се многу едноставни за јадење, но затоа пак се многу здрави и се природни чувари на нашата убавина. Ново шпанско истражување покажало дека калинките го забавуваат процесот на стареење.

Со цел да го одредат ефектот од секојдневното консумирање на калинки, истражувачите избрале 60 доброволци кои во текот на еден месец примале екстракт од калинки, во чиј состав влегувале супстанции од сите делови на калинката (срцевината, лушпата и семките). Тие го споредувале ефектот на калинките со контролна група која примала плацебо.

Калинка

Резултатите покажале значително намалување на маркерот кој е поврзан со оштетувањето на клетките, кое оштетување од своја страна може да доведе до влошување на функцијата на мозокот, мускулите, црниот дроб и бубрезите, а исто така и до стареење на кожата.

Калинките долги години се вбројуваат меѓу најкорисните намирници. Тие се богати со витамини А, Ц и Е, железо и антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали.

Претходни истражувања покажале дека калинките помагаат во заштита на здравјето на срцето, го намалуваат стресот и го подобруваат сексуалниот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12000 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.