Почетна » Новости » Истражувања » Идеалната жена – нежна, шармантна, непушач

Идеалната жена – нежна, шармантна, непушач

Сигурно сте се запрашале што треба да поседува една жена за нејзиниот партнер да посака да биде во сериозна врска со неа. Или обратно, што треба да има идеалниот маж?

Среќен парПросечниот маж сака шармантна жена со нежен изглед, што ќе се сложува со неговите родители.

Идеалната жена треба да биде грижлива, шармантна, непушач и со нежен изглед. Тоа се само дел од заклучоците на истражувачите во Велика Британија. Тие откриле и дека еден маж би сакал жена на која што ќе може да ѝ верува и која што ќе се сложува со неговите родители. Вулгарноста и неверноста се посочени како најодбивни особини кај спротивниот пол.

Истражувањето во кое учествувале 731 мажи и жени покажало дека мажите не сакаат премногу слаби жени (само на 12% им е важно жената да биде слаба). Исто така, само 7,5% од мажите сакаат висока жена. За разлика од нив, дури 41% од жените сакаат да имаат покрај себе висок партнер.

Жените изјавиле дека најмногу мразат алкохоличари, насилни и себични мажи.

Истото истражување открило и дека луѓето со прекумерна телесна тежина му даваат помалку значење на физичкиот изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.