Почетна » Новости » Истражувања » Зимата ги остарува женските очи

Зимата ги остарува женските очи

Зимата влијае лошо на женската убавина и поточно на свежината на лицето. Научници откриле дека зимата ги остарува женските очи во просек со 4 години и 8 месеци, поради поголемата изразеност на темните кругови околу очите.

Тим од експерти ги набљудувале очите на 5.000 жени во текот на различните сезони. Тие откриле дека подочниците се значително потемни во текот на зимските месеци. Причината за тоа е што кожата станува посветла поради недостигот на сонце, па доаѓаат до израз темните кругови.

ОкоЖенските очи изгледаат постари во зима

Но, тоа не е единствениот фактор кој придонесува за остарувањето на женските очи во зима. Изгледот на очите се влошува и затоа што луѓето се поуморни во зима поради ниското ниво на витамин Д (кој се создава во телото кога тоа е изложено на сончева светлина) и ниското ниво на серотонин, кој поттикнува позитивни чувства.

„Недостигот на витамини Д и К има значителен негативен ефект врз изгледот на темните кругови и подочниците и може да ја остари жената со 4,7 години“ – изјавил антиејџ експертот д-р Марк Бинет.

Темните подочници се чест проблем кој полесно може да се прикрие во лето затоа што тогаш кожата има потемен тен и во телото се создава повеќе серотонин, кој го подобрува расположението.

Клиничката студија направена од Adonia Organics покажала дека 82% од учесничките страдале од темни кругови и „перничиња“ околу очите во зима, а тој процент се намалувал до 38% во летните месеци. Во студијата учествувале жени на возраст од 27 до 60 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.