Почетна » Новости » Истражувања » За подолг брак, мажот треба да помага низ дома

За подолг брак, мажот треба да помага низ дома

Сопруг што готвиКолку повеќе мажот помага низ дома, толку постабилен му е бракот.

Како што поминува времето, улогите на жената и мажот во бракот се менуваат. Модерните мажи започнуваат почесто да се вклучуваат во секојдневните обврски во домот и многупати сме слушнале дека тоа е причина за сопружниците да бидат посреќни.

Но, истражувачите дошле и до заклучокот дека делењето на домашните обврски не само што помага за постигнување на посреќен брак, туку помага и за одржувањето на подолг брак.

Истражувачи од Лондонското училиште за економија набљудувале 3500 пара кои го имале своето прво дете во текот на една иста седмица од 1970 година, период кога повеќето жени останувале дома со своите мали деца.

Кога децата достигнале 5-годишна возраст, жените биле запрашани колку нивните мажи им помагаат во домашните обврски како чистење, грижа за детето и пазарување. Резултатите покажале дека повеќе од половината мажи воопшто не помагале или пак учествувале само во извршувањето на една обврска.

Околу 7% од сите парови се развеле пред нивното дете да наполни 10 години, а тој процент се зголемил на 20 во периодот додека детето да наполни 16 години.

Кога биле споредени податоците, било јасно дека колку повеќе мажот помагал дома, толку постабилен му бил бракот. Сигурно сите жени ќе се согласат со резултатите од ова истражување.

Сепак, колку и да се менуваат работите, тоа се случува со бавно темпо. Последните податоци укажуваат на тоа дека жените кои не се во врска трошат 7 часа неделно за работа низ домот, а жените кои живеат со партнер или кои се во брак трошат 12 часа неделно за домашни обврски. Од друга страна, мажите си издвојуваат од своето време само 5 часа неделно за да помогнат во домашните обврски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.