Почетна » Новости » Истражувања » Женскиот допир прави мажите да преземаат поголем ризик со пари

Женскиот допир прави мажите да преземаат поголем ризик со пари

Само пред неколку месеци, едно истражување покажа дека кога мажите се во присуство на убава жена, тие преземаат поголем ризик со цел да ја импресионираат, па како резултат на тоа често се засрамуваат или дури завршуваат со повреди.

Сега истражувачите тврдат дека присуството на жената, поточно женскиот допир, може да направи мажите да преземаат и поголем финансиски ризик.

Блек ЏекЖенскиот допир може да направи мажите да преземаат поголем финансиски ризик.

Американски и канадски истражувачи набљудувале група студенти, кои играле финансиска игра во која им бил дадена можност да избираат дали сакаат да направат сигурна инвестиција во обврзници или пак да направат ризична инвестиција во акции.

При пристигнувањето некои од учесниците биле поздравени со ракување, други биле потчукнати по грбот, а трети биле поздравени со кимање на главата.

Ракувањето на учесниците со маж или пак потчукнувањето по грбот од маж не влијаело на ризикот кој студентите го преземале при инвестирањето во акции, но допирот од жена имал видлив ефект.

Оние учесници кои биле поздравени со ракување од жена вложиле двојно повеќе во акции, отколку оние кои биле поздравени со кимање на главата. Останатите кои биле поздравени со потчукнување по грбот вложиле дури три пати повеќе.

Овие резултати укажуваат на тоа дека жените можат да ги направат своите мажи или шефови „подарежливи“ само со еден допир. Авторите на истражувањето тврдат: „физичкиот контакт може многу да влијае врз донесувањето на одлуки и на готовноста да се прифати ризик“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.