Почетна » Новости » Истражувања » Жените се програмирани да бидат злобни кон сексапилни жени

Жените се програмирани да бидат злобни кон сексапилни жени

Жените се програмирани да се однесуваат злобно, па дури и агресивно кон сексапилните жени, вели ново канадско истражување.

Научници од Универзитетот Отава дошле до овој заклучок откако го набљудувале однесувањето на група жени поделени во парови кон трета девојка која била облечена или конзервативно или провокативно.

Осумдесет и шест жени биле поделени во парови и требало да почекаат во соба, бидејќи им било кажано дека треба да започне истражување за разрешување на конфликти. Додека чекале, во собата влегувала девојка облечена или во мини сукња и разголено деколте или во панталони и обична затворена маичка.

Жени

Кога девојката која влегувала била облечена конзервативно, учесничките во истражувањето не ја ни забележувале. Но, кога ќе влезела девојка облечена провокативно, ја меркале од глава до пети, ѝ упатувале погледи исполнети со презир или ги превртувале очите. Во некои случаи, откако провокативно облечената девојка ќе излезела од собата, учесничките започнувале хистерично да се смеат или да даваат коментари од типот „Ох, леле, градите ќе ѝ испукаат“ или „Облечена е како да ќе има секс со својот професор“.

Реакциите на учесничките биле снимани со камера, а потоа други жени оценувале колку „злобно“ е нивното однесување.

„Ова не е случајност. 97% од жените се однесуваа несоодветно. Со тоа што ѝ се смееја кога таа ќе стигнеше до вратата, тие ѝ кажуваа дека не ја одобруваат“ – изјавила Трејси Вајланкорт, автор на истражувањето.

Само две жени во истражувањето не дале злобна забелешка за сексапилната девојка.

Во втор експеримент, на 66 жени им била покажувана по една фотографија од девојка, а потоа жените биле прашувани дали би ѝ дозволиле на девојката од фотографијата да помине малку време во близина на нивното момче. Постоеле 3 различни фотографии: на првата фотографија девојката била облечена примерно во панталони и обична блуза (A), на втората била облечена во кратка сукња и блуза со длабоко деколте (B), а на третата фотографија истата провокативно облечена девојка била дигитално коригирана за да изгледа дебело (C).

Жени

„Кога девојката беше секси и слаба, учесничките не сакаа нивните партнери да бидат блиску до неа“ – изјавила Трејси.

Трејси понудила и одговор на прашањето зошто жените се однесуваат агресивно кон сексапилните жени.

Таа објаснила дека мажите се подготвени да направат сè што е неопходно за да дојдат до секс, а најчесто прават минимум од она што е потребно. Тоа е и причината која лежи зад советите на бабите за воздржување од секс пред брак или како што се вели: „Мажот кој добива бесплатно млеко, нема да ја купи кравата“.

Кога ќе се појави жена која веднаш нуди секс, таа ја компромитира позицијата на другите жени, па тие решаваат да ја казнат, бидејќи тоа е во нивни најдобар интерес.

Трејси предупредува дека оваа теорија не е многу добро примена од жените и изјавила дека ќе продолжи да истражува на оваа тема со учество на повозрасни жени, бидејќи досега во истражувањето учествувале само жени на возраст од 17 до 28 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.