Почетна » Новости » Истражувања » Жените се поорганизирани од мажите на работното место

Жените се поорганизирани од мажите на работното место

Британски истражувачи дошле до заклучок дека жените се многу подобри во запазувањето на роковите и пристигнувањето на работа навреме, отколку мажите. Припадниците на посилниот пол често се борат со организираноста, а и забораваат да возвраќаат на телефонски повици.

Жена на работното местоДури 40% од жените тврдат дека имаат беспрекорно биро

Истражувањето, коешто било спроведено од DYMO, покажало дека еден од десет мажи некогаш добил опомена за неговата лоша организираност. Еден од 20 мажи ја пропуштил шансата да добие унапредување затоа што шефот сметал дека е лошо организиран.

Резултатите од истражувањето ги објавила Карен Брејди, асистентка на Алан Шугар во англиската верзија на шоуто „The Apprentice“ и водечка личност на кампањата на DYMO Practically Genius.

Карен изјавила: „Вашиот шеф најверојатно ќе забележи дали сте или не сте добро организирани, па ако не ги исполните очекувањата, можно е да не бидете унапредени во иднина. Тоа што сум организирана и што изгледам професионално секогаш ми помагало да се истакнам пред другите.“

Според студијата во којашто учествувале 4000 луѓе, 43% од жените сметаат дека се многу организирани, а само 32% од мажите го мислат истото за себе. Еден од десет мажи дури признал дека неговиот деловен живот нема никаква структура.

Истражувањето открило и дека повеќе од половината жени имаат свој систем за организација на документите, а истото важи само за 37% од мажите. Повеќето мажи едноставно ги трупаат документите во еден голем куп, па потоа ги прелистуваат сите кога ќе треба да најдат нешто.

По сето ова, не е изненадување што дури 40% од жените тврдат дека имаат беспрекорно биро, додека со тоа можат да се пофалат помалку од третина од мажите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11062 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.