Почетна » Новости » Истражувања » Жените сакаат мажи со правосмукалка и пегла во рацете

Жените сакаат мажи со правосмукалка и пегла во рацете

Клучот кон женското срце е во споделувањето на домаќинската работа, тврдат научниците.

Резултатите од ново британско истражување покажале дека половина од жените би биле повеќе импресионирани ако нивниот партнер ги испегла алиштата, отколку ако организира викенд патување или пак романтична вечера со свеќи.

МажПоловина од жените би биле импресионирани ако нивниот партнер ги испегла алиштата

„Ова покажува дека многу жени сè уште мислат дека мажите не вршат доволно работа дома. Многу жени работат двојна смена, извршувајќи ја домаќинската работа и градејќи кариера, додека мажите главно се фокусирани на работата. Очигледно е дека жените сакаат да видат како мажите преземаат поголем дел од домаќинската работа“ – објаснил психологот Кери Купер.

Истражувањето треба да им потскаже на модерните мажи дека со малку повеќе помош низ домот, полесно можат да ја освојат женската наклонетост и да ја одржат романската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.