Почетна » Новости » Истражувања » Жените посклони да го дадат тел. број ако слушаат љубовни песни

Жените посклони да го дадат тел. број ако слушаат љубовни песни

Романтичната музика е клучот до женското срце, тврдат научниците. Ако не до срцето, тогаш барем до телефонскиот број на претставничките на понежниот пол.

Експеримент спроведен од француски психолози покажал дека жените се посклони да му го дадат својот телефонски број на маж ако претходно слушале љубовни песни.

Убава жена на состанокЖените се посклони да го дадат својот телефонски број ако претходно слушале љубовни песни

Во текот на експериментот, еден маж со просечен изглед требало да собере колку што може повеќе телефонски броеви од 87 учеснички. Секоја од жените-учеснички прво поминувала 5 минути во чекална, а во меѓувреме во позадина била пуштана или љубовната песна Je L'aime a Mourir (Ја сакам до смрт) или неутралната песна L'heure du Thé (Време за чај).

Потоа, секоја од учесничките, мислејќи дека учествува во истражување за бисквити, влегувала в соба за да разговара со 20-годишен маж за разликите помеѓу две врсти бисквити. На крајот од разговорот, тој со исти зборови ги запрашувал сите учеснички дали ќе му го дадат својот телефонски број за да си договорат состанок.

Само 27,9% од жените кои слушале неутрална музика се согласиле да му го дадат својот број за подоцна да излезат заедно. Но, кај жените кои слушале љубовни песни, тој процент се искачил до 52,2.

Сепак, романтичните мелодии не влијаат само врз жените. Едно претходно истражување покажа дека мажите трошат повеќе пари за цвеќиња кога во цвеќарницата е пуштена романтична музика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.