Почетна » Новости » Истражувања » Жените понегативни за непланирана бременост од мажите

Жените понегативни за непланирана бременост од мажите

Непланирана бременост

Денес повеќето луѓе сакаат да станат родители во период кога се подготвени да гледаат деца и непланираната бременост најчесто не се прима со воодушевување.

Интересен е заклучокот од американско истражување во кој се вели дека мажите полесно ја примаат веста за непланирана бременост од жените. Цели 43% од мажите изјавиле дека би биле задоволни или малку задоволни доколку нивната партнерка неочекувано остане бремена, а само 20% од жените изјавиле дека би ја прифатиле веста со задоволство.

Истражувањето било направено во рамките на националната кампања за претпазување од несакана бременост, а во него учествувале илјадници мажи и жени на возраст од 18 до 29 години.

Дури и на возраст од 25-29 години, кога се доволно созреани за да гледаат дете, само 29% од жените би биле задоволни со веста за непланирана бременост. Од друга страна, половината од мажите на таа возраст би ја прифатиле таквата вест со насмевка.

Најверојатно жените не се воодушевени како мажите затоа што токму тие се директно засегнати од бременоста и поради тоа потешко го прифаќаат фактот дека ќе станат мајки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.