Почетна » Новости » Истражувања » Жените поминуваат три години од животот во шопинг

Жените поминуваат три години од животот во шопинг

Не постои жена која што не обожава да оди на шопинг, па кога и да ни се даде можност висиме пред излозите на бутиците или низ продавниците. Но, дали некогаш сте се запрашале колку време поминуваме во потрага по облека или намирници за дома?

ШопингЖените одат на шопинг вкупно 301 пат годишно и таквите прошетки низ продавниците им траат 399 часа и 46 минути.

Истражувачите тврдат дека просечната жена поминува скоро 3 години од својот живот во пазарување. Сепак, тука не спаѓа само времето поминато во потрага по модерни парчиња облека, чевли или модни додатоци, туку и пазарувањето храна, книги, подароци и разгледувањето на излозите.

Секоја година жените издвојуваат скоро подеднакво време за купување облека и за купување храна. Една жена во текот на една година пазарува просечно 84 пати храна и за тоа издвојува 94 часа и 55 минути, а оди на шопинг по облека 30 пати и за тоа троши 100 часа и 48 минути од своето време.

За да го одржуваат својот изглед, жените одат на шопинг 90 пати годишно – 30 пати за облека, 15 за чевли, 18 за модни додатоци и 27 за козметички продукти.

Овие податоци биле добиени како резултат на истражување во кое зеле учество 2000 жени. Според истото истражување, жените одат на шопинг вкупно 301 пат годишно и таквите прошетки низ продавниците им траат 399 часа и 46 минути. Со други зборови, кога жената ќе наполни 63 години, таа веќе ќе има потрошено 2 години и 10 месеци за шопинг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10624 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.