Почетна » Новости » Истражувања » Жените полоши во паркирањето од мажите

Жените полоши во паркирањето од мажите

Паркинг

Иако ние жените не сакаме јавно да признаеме дека сме полоши возачи од мажите, длабоко во себе знаеме дека тоа е вистина. Сега има уште едно истражување кои им дава аргументи на мажите да нè критикуваат кога станува збор за возењето.

Тоа ново истражување покажа дека на женските возачи им се потребни во просек 20 секунди повеќе за да паркираат, отколку на мажите. Згора на тоа, другиот заклучок бил дека и покрај тоа што се побрзи, мажите поточно и поправилно паркираат од жените.

Со тоа уште еднаш се потврдија тврдењата на експертите дека мажите имаат подобра ориентација и чувство за простор.

Во врска со овие резултати, д-р Клаудија Волф која го предводела истражувањето изјавила: „Сепак, овде станува збор само за паркирањето, а не за триумф на мажите над жените“.

Ако сепак сметате дека резултатите од ова истражување не важат за вас, можете да пробате колку сте добри во паркирањето со играта Паркинг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11346 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.