Почетна » Новости » Истражувања » Жените на раководни позиции се подобри лидери од мажите

Жените на раководни позиции се подобри лидери од мажите

Жените кои имаат раководни позиции се перципирани како подобри лидери отколку мажите, вели ново истражување.

Стереотипното мислење за тоа дека жените се почувствителни и помалку компетентни од мажите може само да им попречи на жените да се искачат до повисоки позиции во хиерархијата, но истражувачите тврдат дека откако ќе добијат раководна позиција, жените се сметаат за подобри лидери.

Жена лидерЖените кои имаат раководни позиции се перципирани како подобри лидери.

Во рамките на истражувањето, 323 дипломирани и недипломирани студенти оценувале извршни директори од двата пола врз основа на фиктивни статии од весници. Оценувајќи ги според компетентноста, тие секогаш им давале подобри оценки на извршните директори од женски пол и останувале со впечатокот дека жените сами се заслужни за големиот успех кој го постигнале.

Но, второ истражување во истата област покажало дека ваквото позитивно мислење за жените не важи ако жената е на позиција во т.н. среден менаџмент.

Иако бројот на жените на раководни позиции постојано се зголемува, сепак мажите ги држат повеќето високи позиции, не само кај нас, туку и во светски рамки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.