Фризурата го менува целосниот надворешен изглед, па не е воопшто чудно што ние жените постојано се грижиме да имаме средена коса и да го менуваме нејзиниот изглед од време на време.
Најпретпочитана боја за бојадисување на косата е темно кафеава.
Истражување на фризерот Ендрју Колинџ покажало дека жените прават промени на фризурата во просек дури 104 пати во текот на својот живот. Само во периодот од 13-тата до 65-тата година, жените ја менуваат должината, формата или бојата на косата барем двапати годишно.
Најчестата причина поради која жените прават промени е досадата. Кога подолго време имаат една иста фризура, жените немаат трпение да ја променат. 44% од учесничките во истражувањето изјавиле дека прават промена само затоа што им е здосадена сегашната фризура, а 61% изјавиле дека само сакаат промена.
Најпреферирана фризура е долга коса со шишки. Две третини од жените ја имале оваа фризура барем еднаш во животот.
Најпретпочитана боја за бојадисување на косата е темно кафеава.
| Топ 10 причини за промена на фризурата | Топ 10 најпопуларни фризури | |
| 1. | „Само сакам промена“ | Долга коса со шишки | 
| 2. | „Ми беше досадна“ | Фризура „боб“ | 
| 3. | „Да си ја зголемам самодовербата“ | Долга со многу слоеви | 
| 4. | После раскинување | Кратка коса со шишки | 
| 5. | „Да направам целосна промена во изгледот“ | Кратка со многу слоеви | 
| 6. | Модни трендови | Долга со многу видливи прамени | 
| 7. | Побелување на косата | Долга виткана или брановидна | 
| 8. | Јубилеен роденден | Кратка со видливо разделени прамени | 
| 9. | Пред/после породување | Трајно виткање на косата | 
| 10. | Свадба | Кратка виткана или брановидна | 
		
