Почетна » Новости » Истражувања » Жените имаат помала желба за секс поради вина и срам

Жените имаат помала желба за секс поради вина и срам

Маж и жена во кревет

Секој маж кога е во близина на жена која ја смета за привлечна се возбудува и срцето започнува да му чука побрзо. Но, женската физичка реакција кон привлечен маж е многу непредвидлива.

Истражувачите открија дека кај мажите телото секогаш покажува кога се возбудени, а кај жените тоа не е така. Тие ги анализирале резултатите од 132 истражувања, направени во текот на 40 години, а во кои учествувале повеќе од 4 000 мажи и жени.

Секој од учесниците бил изложен на неколку еротични стимули и потоа требало да опише дали тоа го возбудило или не. Истражувачите во меѓувреме ги мереле физичките реакции на учесниците за да утврдат дали тоа одговара на нивните одговори.

Резултатите покажале дека кај мажите мозокот и телото секогаш се во синхрон, но кај жените има несогласувања помеѓу реакцијата на телото и изјавениот степен на возбуда, т.е. има жени кои изјавиле дека не се чувствуваат возбудени, а нивното тело покажало физички симптоми на возбуда и обратно.

Истражувачите сметаат дека тоа се должи на срамот и вината што некои жени ги чувствуваат кога се споменува секс и предупредуваат дека токму тоа може да доведе до полош сексуален живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.