Почетна » Новости » Истражувања » Жените за на одмор пакуваат дополнителни 26 нешта „за секој случај“

Жените за на одмор пакуваат дополнителни 26 нешта „за секој случај“

Најверојатно ви се случило додека се пакувате за на одмор да си речете: „Ова ќе го земам за секој случај да не ми притреба“, а потоа истото да си го кажете барем за уште неколку други работи.

Истражување на веб сајт за патничко осигурување покажало дека жените пакуваат скоро двојно повеќе работи од она што им е потребно за на одмор. Резултатите откриле дека за седумдневен одмор на просечната жена ѝ се потребни 34 нешта (парчиња облека, козметика), но таа пакува дури 60 „за секој случај“, што значи дека половина од работите во женските куфери остануваат недопрени.

Жена што се обидува да го затвори куферот65% од жените се мачат да го затворат куферот кога ќе завршат со долгиот процес на пакување

Во истражувањето учествувале вкупно 2000 жени, од кои 72% признале дека пакуваат многу повеќе отколку што им е потребно. Очекувано, 65% признале дека мака мачат да го затворат куферот откако ќе завршат со пакувањето.

Просечната жена пакува 19 маички или блузи, а додека е на одмор ќе облече само 10; пакува 16 здолништа (панталони, хеланки, сукњи, шорцеви), а ќе искористи само 8; зема 9 модни додатоци како шешири и очила, а користи само 4.

Во женскиот куфер нема да најдете само облека. 73% од жените не тргнуваат на одмор без лосион за сончање, 53% без шминки, 43% без фен за коса, а 41% без преса за исправување на косата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.