Почетна » Новости » Истражувања » Жените денес повеќе сакаат „поженствени“ мажи

Жените денес повеќе сакаат „поженствени“ мажи

Роберт Патинсон

Женскиот вкус за изгледот на привлечните мажи со текот на времето се менува. Во минатото жените избирале помажествени мажи со поширока вилица, ниски веѓи и тенки усни, затоа што се сметало дека имаат посилни гени и можат да имаат посилни потомци.

Но, денес жените претпочитаат „поженствени“ мажи, т.е. мажи со понежни црти на лицето. Експертите сметаат дека една од причините за ваквиот тренд е подобрувањето на здравствениот систем и целосното здравје.

За да ја докажат оваа теорија, истражувачите од Универзитетот во Абердин испитувале 5000 жени од 30 држави од светот. Тие откриле дека кога здравствената состојба во државата е лоша, жените се склони да избираат помажествени мажи со кои би имале посилни бебиња. Од друга страна, во државите каде што болестите се сè поретки и животниот век се зголемува, жените преферираат понежни мажи.

„Резултатите покажуваат дека како што се подобрува здравствената нега, така мажествените мажи се помалку омилени. Ова можеби дава објаснување зошто филмски ѕвезди како Џони Деп и Орландо Блум се попопуларни во споредба со Кларк Гејбл и Шон Конери“ – изјавила Лиса ДеБруин, која го предводела истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11078 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.