Почетна » Новости » Истражувања » Една средба е доволна за мажите да знаат дека ја сретнале „вистинската“

Една средба е доволна за мажите да знаат дека ја сретнале „вистинската“

Мажите се вљубуваат побрзо и почесто од жените, велат истражувачите за големо изненадување на многумина.

Ново истражување покажало дека повеќе од половината мажи знаат дали ја запознале „вистинската“ само по првата средба. Секој петти маж признал дека се заљубил на прв поглед, мнозинството признале дека биле освоени по првата средба, а скоро 75% се имале „затрескано“ до третата средба.

Од друга страна, жените не се заљубуваат толку лесно. Само една од десет жени изјавила дека доживеала љубов на прв поглед, а на повеќето им биле потребни шест средби за да се заљубат.

Маж и женаМажите се заљубуваат почесто и побрзо од жените

Британското истражување во кое учествувале 1500 мажи и 1500 жени открило и дека мажите се заљубуваат почесто од жените. Просечниот маж се заљубува 3 пати во текот на својот живот, додека просечната жена се заљубува само еднаш.

Многу повеќе мажи од жени признале дека доживеале невозвратена љубов. Мажите исто така се посклони да кажат „Те сакам“ и почесто жалат што се разделиле со својата девојка.

Жените пак е поверојатно да со следат својот бивши на интернет и да следат со кого контактира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.