Почетна » Новости » Истражувања » Држењето на пари ја намалува болката

Држењето на пари ја намалува болката

Парите можеби не можат да ни купат здравје (иако и тоа тврдење денес не држи многу место), но истражувачите тврдат дека можат да ни ја намалат болката.

Интересно истражување на Универзитетот во Минесота покажало дека броењето на пари е ефективен начин за намалување на болката и дури и за нејзино спречување.

Жена со пари в рацеСпоред истражувачите, броењето на пари е ефективен начин за намалување на болката.

За целта на истражувањето биле формирани две групи студенти. На првата им било дадено да бројат купче од банкноти од 80 и 100 долари, а на втората – 80 ливчиња од бела хартија и им било кажано дека ќе се мери нивната спретност. Потоа, секој до студентите требало да ги потопи рацете во сад со жешка вода и било мерено колку долго ќе издржат и колкава болка ќе чувствуваат.

Резултатите покажале дека оние кои броеле пари чувствуваат помала болка, отколку оние кои броеле ливчиња хартија.

Можеби следниот пат кога ќе имате главоболка ќе успеете да ја излечите со броење на вашата заштеда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.