Почетна » Новости » Истражувања » Г-точката не постои?

Г-точката не постои?

Голо женско телоНајголемото истражување во оваа област покажа дека Г-точката е само мит.

Скоро сите жени имаат слушнато за фамозната Г-точка, но само мал дел можат да се пофалат дека им донела врвно задоволство. Многу парови постојано трагаат по оваа популарна женска ерогена зона. Но, дали Г-точката навистина постои?

Ново британско истражување, во кое учествувале 1 800 жени, покажа дека Г-точката не постои. Истражувачите веруваат дека оваа точка, за која се веруваше дека може да ја покачи значително температурата во спалната, е само дел од женската фантазија. Тие сметаат дека Г-точката е само мит и дека тој мит предизвикал многу мажи и жени да не се чувствуваат комфорно поради својот сексуален живот.

Г-точката е мала област од женското тело, каде што се концентрирани нервни завршетоци. Кога таа е стимулирана од партнерот, треба да ѝ достави на жената невидено задоволство. Наречена е така по германскиот гинеколог Ернест Графенберг.

Но, новото истражување, кое се смета дека е најголемото досега во оваа област, го негира постоењето на ерогена зона од ваков тип.

Тим Спектор, едниот од истражувачите, изјавил: „Ова е досега најголемото истражување и покажа дека идејата за Г-точка е субјективна“.

Во новото истражување учествувале 1 804 жени на возраст од 23 до 83 години и тоа сите биле идентични или неидентични близначки.

Истражувачите тврдат дека ако Г-точката навистина постоеше, и двете претставнички на паровите идентични близначки би требало да сметаат дека имаат таква ерогена зона, затоа што тие имаат еднакви гени.

Резултатите покажале дека 56% од жените тврделе дека имаат Г-точка, но сите тие биле млади и повеќе сексуално активни.

Сексологот Беверли Уипл, која што го популаризира постоењето на Г-точката, смета дека ова истражување не е валидно, затоа што во него не учествуваат лезбејки и не се земаат во предвид различните машки сексуални партнери. Таа смета дека најголемиот проблем на истражувањето е што близначките немале исти сексуални партнери.

Сепак, никој со сигурност не може да тврди дали Г-точката постои или не.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11638 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.