Почетна » Новости » Истражувања » Врските се добри за здравјето

Врските се добри за здравјето

Општоприфатено е дека блискоста меѓу партнерите (бакнувањето, сексот) влијае позитивно врз здравјето.

Ново истражување уште еднаш го потврди тоа, заклучувајќи дека луѓето кои се во брак или во долга врска подобро се справуваат со стресот. Истражувачите откриле дека луѓето коишто се во врска, кога се под притисок имаат пониско ниво на хормоните кои се асоцираат со стресот, отколку луѓето со статус сингл.

Среќен парЛуѓето кои се во брак или во долга врска подобро се справуваат со стресот

Во рамките на истражувањето учествувале 500 студенти, од кои половината биле во брак или во врска. На сите нив им била дадена задача да играат економски компјутерски игри и им било кажано дека резултатите од тестовите ќе влијаат врз нивната понатамошна кариера, со цел да се зголеми притисокот.

Концентрацијата на хормонот на стресот кортизол била зголемена кај сите учесници, а особено кај жените. Но, оние учесници кои биле сингл имале повисоки нивоа на кортизол, во споредба со учесниците кои имале љубовен партнер.

Научниците сметаат дека ова откритие може да даде објаснување за резултатите од други истражувања, т.е. да даде одговор зошто луѓето во брак живеат подолго и зошто кај нив поретко се појавуваат срцеви и други заболувања.

Претходни истражувања покажале дека кај мажите со статус сингл на возраст од 30 до 59 години стапката на смртност е поголема за 2,5 пати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.