Почетна » Новости » Истражувања » Вежбањето надвор е поздраво од вежбањето во фитнес сала

Вежбањето надвор е поздраво од вежбањето во фитнес сала

Наскоро ќе започне пролет, па наместо да се затворите да вежбате 1 час во фитнес сала, излезете и потрчајте на отворено. Врз основа на резултатите од ново истражување, научниците тврдат дека вежбањето надвор е многу подобро отколку вежбањето во фитнес сала.

Жена во природаКога луѓето вежбаат на отворено, кај нив значително се намалува напнатоста, лутината и депресијата

Анализирајќи податоци од претходни истражувања, научниците откриле дека кога луѓето вежбаат на отворено, кај нив значително се намалуваат напнатоста, лутината, депресијата и други негативни емоции. Биле анализирани многу податоци од истражувања во кои се споредувале позитивните страни на вежбањето во затворен простор и вежбањето на отворено.

Истражувачите заклучиле и дека луѓето кои вежбаат на отворено чувствуваат поголемо задоволство и се посклони да продолжат да вежбаат, отколку оние кои вежбаат на затворено.

Вежбањето во природа не само што носи поголемо задоволство, туку и прави да се чувствувате посвежи и попозитивни. Друго истражување покажа дека е доволно да поминете само 20 минути надвор за да добиете исто енергија колку и од шолја кафе.

Сите овие истражувања укажуваат на предностите кои ги носи врската помеѓу човечкото тело и природата. Експертите предупредуваат дека луѓето денес поминуваат многу време во затворен простор и не го трошат слободното време надвор за да го почувствуваат позитивното влијание на природата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.