Почетна » Новости » Истражувања » Glamour: Интересни факти за мажите и сексот

Glamour: Интересни факти за мажите и сексот

Кој дел од женското тело прво им паѓа в очи на мажите кога пред нив стои гола жена? Колку време мажите посакуваат да им трае сексот? Женското списание Glamour собра 1.000 мажи за да пронајде одговори на овие и на уште многу други интересни прашања поврзани со привлечноста меѓу половите и сексот.

Маж

Еве неколку интересни факти:

  • Кога пред нив има гола жена, мажите прво зјапаат во нејзините гради. Погледот на повеќе од половината мажи во истражувањето прво паѓа на градите на нивната партнерка.
  • Најголем дел од мажите сакаат сексот да им трае помеѓу 15 и 30 минути.
  • Мажите не би раскинале со девојка ако нивните пријатели или нивната мајка не ја сакаат. Над 80% не би ѝ кажале збогум на својата избраничка само поради тоа што не им се допаѓа на нивната мајка или пријателите.
  • Ако еден ден би имале женско тело, мажите најмногу би сакале да откријат какво е чувството да доживееш женски оргазам. Околу петтина од мажите пак би отишле во женска соблекувална и само би седеле и би гледале наоколу.
  • Кога еден ден би биле Бред Пит, мажите би го искористиле за да имаат секс со Анџелина Џоли. Но, додека 38% би имале секс со Џоли, други 37% би го искористиле денот за да имаат секс со колку што е можно повеќе други жени.
  • Омилена секс поза на мажите им е онаа во која жената е одгоре. Ако треба да изберат една секс поза и цел живот да имаат секс само на таков начин, најголем дел од мажите би избрале поза во која жената е одгоре. Околу третина би ја избрале кучешката поза.
  • Мажите најмногу мислат на секс и пари. Учесниците признале дека нивните најчести мисли во текот на денот се поврзани со секс и пари.
  • Мажите најмногу се плашат да не осиромашат, дури и повеќе од смртта. Цели 36% се плашат од сиромаштијата, а 23% изјавиле дека се плашат од смртта.
  • Мажите најмногу се „исклучуваат“ и не слушаат кога жените зборуваат за облека, шопинг и обувки. Исто така, летаат со мислите на друго место додека жените се ангажирани со озборување на славните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.