Почетна » Новости » Истражувања » 75% од жените не би се омажиле со невработен маж

75% од жените не би се омажиле со невработен маж

Вработеноста има големо влијание врз склучувањето на брак. Непишано правило е најпрво барем еден од партнерите да си најде работа пред да започнат плановите за свадба.

Токму поради тоа, не е чудно што ново истражување покажало дека 75% од жените не би се омажиле со невработен маж, но исто така, 65% од жените не би стапиле во брак ако самите тие немаат работа.

Младоженци

Овие резултати донекаде го објаснуваат светскиот тренд на одложување на браковите, т.е. луѓето чекаат да се вработат за до кажат судбоносното „Да“.

Иако жените велат дека вработеноста е многу важен предуслов за брак, сепак 91% од жените попрво би се омажиле од љубов, отколку поради пари.

Истражувањето било направено YourTango и ForbesWoman, а еве уште неколку од нивните заклучоци:

  • 50% од жените би се омажиле за некој што заработува значително помалку од нив, а 41% не би го направиле тоа.
  • 55% би се откажале од кариерата за да гледаат деца ако нивниот партнер го побара тоа од нив, а 28% би го побарале истото од нивниот партнер.
  • 42% од жените ако би имале еден час дополнително слободно време, би го потрошиле на себе, а не на својот партнер, пријателите или семејството.
  • 77% од жените веруваат дека можат истовремено да имаат и успешна врска и семеен живот и успешна кариера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.