Нема ништо подобро од квалитетен сон за да ги одморите вашето тело и ум. Поради многуте позитивни ефекти кои ги има врз здравјето, па и врз изгледот, спиењето често е во фокусот на истражувањата на научниците.
Умереното спиење го продолжува животот.
Научници од Неапол анализирале 16 големи истражувања со вкупно учество на 1,3 милиони луѓе, за да дојдат до заклучокот дека луѓето кои спијат под 6 часа дневно умираат помлади. Тие откриле дека оние кои спијат помалку од 6 часа имаат за 12% поголем ризик да умрат пред да наполнат 65 години, во споредба со оние кои спијат 6-8 часа.
Сепак, истражувачите предупредуваат дека и предолгото спиење не е здраво, но не затоа што се сврзува со предвремена смрт, туку затоа што може да е симптом за некоја сериозна болест како депресија.
Затоа се смета дека e најдобро возрасните секојдневно да издвојуваат по 7 часа за добар и квалитетен сон.
