Почетна » Новости » Истражувања » 6 од 10 парови се несреќни во својата врска

6 од 10 парови се несреќни во својата врска

Ниту една љубовна врска по 3 години не е иста како што била во првите месеци. Многу често дел од страста се губи со текот на времето, а спонтаните романтични гестови стануваат сè поретки.

Истражување на UKDating.com, во коешто учествувале 3000 парови, покажало дека дури шест од десет парови се несреќни во врската. Недостатокот на секс, спонтаност, внимание и романтика е основна причина за појавата на незадоволство во врската.

Проблеми во врскатаШест од десет парови се несреќни во врската.

Истражувањето открило и други зачудувачки податоци:

  • шест од десет луѓе признаваат дека постојат многу начини на кои можат да си го подобрат љубовниот живот.
  • четири од десет луѓе признаваат дека веќе размислувале да го напуштат својот партнер.
  • секој десетти не му верува на својот сакан.
  • повеќе од половина сметаат дека нивниот партнер не е внимателен како што бил кога започнале да се состануваат.
  • 13% од паровите повеќе не ги сакаат истите нешта за нивната иднина.
  • 19% не си го даваат еден на друг потребното внимание.
  • 50% од учесниците не се задоволни од својот сексуален живот.
  • 46% признале дека посакуваат нивниот партнер да иницира почесто секс.
  • 45% откриле дека би им се допаднало да бидат поголеми авантуристи в кревет.
  • 75% признале дека немаат ни приближно онолку секс колку што имале кога започнале да се состануваат.

Истражувањето открило многу повеќе негативни страни на врските, отколку позитивни. Но, за да не изгубите надеж во долгите врски, добро е да знаете дека 60% од учесниците изјавиле дека нивниот партнер е добар, 40% сметаат дека е згоден, а 60% го сакаат тоа што нивниот сакан е забавен и има убав карактер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.