Мајка и ќерка, кои поради различни болести ги изгубиле своите коси, снимија прекрасна фотосесија за да покажат дека „ќелавоста е убава“.
Имено, малата Роуз страда од алопеција и веќе неколку години воопшто нема коса.
Кога мајка ѝ Кристи која се бори со рак на дојка започнала да оќелавува поради хемотерапијата, Роуз ѝ давала голема поддршка во овој мачен период и ѝ покажала дека може да се чувствува комфорно во своја кожа, и покрај тоа што е ќелава.





Фотографката која го овековечи овој специјален момент помеѓу својата пријателка Кристи и нејзината ќеркичка ги сподели фотографиите и напиша: „Овие две прекрасни дами се ќелави од различни причини. Мојата убава пријателка Кристи се бори со рак на дојка, а нејзината 7-годишна ќерка, Роуз, страда од алопеција. Роуз целосно оќелави пред неколку години. Беше прекрасно кога слушнав од Кристи за тоа како Роуз ѝ помогна да биде храбра кога косата започна да ѝ опаѓа за време на хемотерапијата. Тие се едни од најубавите луѓе кои ги имам запознаено, внатрешно и надворешно. Тие се тука за да им покажат на сите дека ЌЕЛАВОСТА Е УБАВА!“



