Почетна » Новости » Занимливости » Ѕвездата од „Grey’s Anatomy“ со ќеркичката и моќна порака ја подигнува свеста за Дауновиот синдром

Ѕвездата од „Grey’s Anatomy“ со ќеркичката и моќна порака ја подигнува свеста за Дауновиот синдром

Катерина Скорсоне не пропушта прилика за да ја подигне свеста за Дауновиот синдром, кој го има нејзината ќерка Пипа.

Бидејќи октомври е месец за подигнување на свеста за ова нарушување, 41-годишната ѕвезда од хит-серијата „Grey’s Anatomy“ сподели фотографии од слаткото 6-годишно девојче заедно со важна порака.

Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне

Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром. Имам сè помалку и помалку нешта за кажување за сакањето на некој со Даунов синдром, бидејќи здивот ми запира од восхитот што имам привилегија да ја познавам и сакам мојата ќерка. Ако не бев доволно среќна да знам повеќе за Дауновиот синдром како мајка на Пипа, животот ќе ми беше бледа верзија од она што е сега. Има тешки денови, но тешките денови никогаш не се поради Дауновиот синдром: тие се тешки затоа што нашата култура и општеството не се справуваат добро со еднаквоста. Нејзините потреби се особени, не посебни. Тие се само нејзини. Нашата култура нема научено како да сака доволно за да знае дека сите наши потреби се особени.

Пипа е тука. Пипа се сака себеси. Таа живее гласно и светло. Нејзиното постоење е наша можност да избереме љубов или да се откажеме од неа. Секој од нас треба да одлучи колку од спектрумот на љубовта сака да искуси. Таа ми понуди малку екстра, а јас сум благодарна што бев поканета да ја запознаам.

Катерина Скорсоне

Катерина постојано се залага да им даде до знаење на луѓето дека различностите се убави и дека сите луѓе се еднакви. Таа е категорична дека Пипа и лицата со Даунов синдром го учат светот како изгледа безусловната љубов и е благодарна што има вакво дете.

Катерина е мајка на три ќерки. Таа е позната по улогата на Амелија Шепард во „Grey’s Anatomy“.

Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11521 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.